You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.
ЕУРОНИКЕЛ Индустри ДОО - Кавадарци

нема отворени работни позиции

За компанијата

Еуроникел поседува и управува со фабрика за преработка на никелова руда во Кавадарци, Северна Македонија. Во фабриката се произведува висококвалитетен никел во форма на фероникел, кој се употребува во индустријата за производство на нерѓосувачки челик.
Како одговорен производител, ние сме посветени на континуирано подобрување на перформансите на нашето работење во корист на сите засегнати страни.
Години по ред бележиме растечки производен тренд, а целокупното наше производство се извезува, со што имаме огромен придонес кон домашната економија.
Во моментот ЕУРОНИКЕЛ е најголем производител на никел во Европа.
Вработуваме околу 1000 луѓе, а со тоа се рангираме во еден од најголемите работодавачи во државата и преку нашиот ланец на снабдување, во кој учествуваат повеќе од 1000 домашни компании, нашето влијание врз економијата повеќекратно се зголемува.
Компанијата е членка на Стопанската комора на Република Северна Македонија и член на Металуршкото здружение на Северна Македонија, на советот на Инвеститори, на меѓународниот Никел Конзорциум и други истакнати здруженија и асоцијации.
Еуроникел ги има имплементирано ИСО стандардите за квалитет и животна средина, поседува А-интегрирана еколошка дозвола (ИСКЗ).
Покрај работните активности, ЕУРОНИКЕЛ е активен член во заедницата во која работи, преку реализација на бројни проекти од општествен интерес (спорт, култура, образование, здравство, инфраструктура итн.).

Поврзани огласи

Оствари контакт со ЕУРОНИКЕЛ Индустри ДОО - Кавадарци
 
 
Коментари
Внеси оцена и препорака