You are using an outdated browser. For a faster, safer browsing experience, upgrade for free today.

Теодора Томеска

Мотивирана личност за која ништо не е невозможно, секогаш фокусирана на учење и напредок, со високо развиени интерпесонални вештини и голема желба за личен развој. Сестран човек кој се пронаоѓа во повеќе сфери од животот.

Професионален опис


Се пронаоѓам во полето на дизајнот, 3D светот и сите креативни работи кои произлегуваат од нив. Во слободно време сакам да истражувам нови начини на подобрување на моите вештини и надополнување на моите знаења.
Примарен софтвер во кој работам е Autodesk Maya но исто така ги имам совладано и Zbrush и Substance Painter. Имам искусво и со Unreal Engine, Unity, Adobe Premiere Pro, Photoshop и Illustrator.
Како дел од моето студирање повеќе имам работено со HTML, CSS, Java, Java Spring и Python, ги сакам и frontend и backend програмските јазици но сметам дека најмногу се пронаоѓам како UI/UX дизајнер. Најмногу уживам учејќи предмети како маркетинг, бизнис и менаџмент, основи на веб дизајн, компјутерска анимација и виртуелна реалност.

Вештини


Категорија : Дизајн, Видео продукција, Програмирање

100

Дигитални вештини: Autodesk Maya, Zbrush, Substance Painter, Unreal Engine, Unity, Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe Premiere Pro, Графички дизајн, Веб-дизајн, Анимација, Дизајн на видео-игри,

100

Лични карактеристики: Комуникативен, Креативен, Критички размислувам, Соработувам во тим, Аналитички размислувам, Ориентирана кон детали, Организирана, Лидер

100

Мајчин јазик: Македонски

100

Други јазици: Англиски, Германски,

100

Возачка дозвола: Да

100

Образование и едукација

Формално образование


2021
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
високо

Примена на е-технологии

2017
СУГС Никола Карев Скопје
средно

Општествено хуманистичко А

Учество на обуки и тренинзи


2021
Thrivity Career Center
Прво вработување? Како да се подготвиш?

На обуките на THRIVITY Кариерниот Центар и Универзитетскиот Центар за кариера на УКИМ се стекнав со вештините за самооценување, пронаоѓање на моите интереси, компетенции и вредности, креирање личен акциски план, начини на вмрежување, работна етика и култура на континуирано учење, како и креирање CV и однесување за време на интервјуто. Со учеството на оваа обука се зголеми мојата самодоверба, вештините за брзо снаоѓање во различни ситуации и адаптацијата во различни околности.

2020
M3DS Academy for 3D and Game Design
Курс за 3D принтање

Курс за 3D modeling, sculpting and printing користејќи ги Autodesk Maya и Zbrush и програмата Creality Slicer за 3D принтање. Со помош на овој курс ги унапредив и доусовршив моите вештини за моделирање и скулптање и се запознав со процесот на дизајн, подготовка и подесување на параметрите за реализирање на финален 3D принтан модел. 

2019
M3DS Academy for 3D and Game Design
M3DS Academy Year 2018/2019

За време на академската година во M3DS Academy for 3D and Game Design се изучуваше и работеше во програмите Autodesk Maya, Zbrush, Substance Painter и Unreal Engine 4. Се поминаа специфични часови за моделирање, скулптање, текстурирање и се опфатија и часови за ригување и анимација. 

2019
Институт Симбиотика
Обука за менаџирање со време

На оваа обука научив за суштината на времето како ресурс, како правилно да поставувам цели и истите да ги следам и исполнувам, како да правам план за денот и да се придржувам до истиот и како да се снајдам во ситуации кога ќе се појави неиспланирана активност. Овој тренинг ми помогна да бидам поточна, посмирена личност и да сум одлучна во исполнување на моите цели.

2017
Институт Симбиотика
Обука за емоционална интелегенција

Емоционална интелегенција е исто така многу битна вештина во денешно време. Справувањето со своите емоции, емоциите и реакциите на другите луѓе и разбирањето на нашите потреби беа фокусот на оваа обука. Тука научив многу за себе, моите лични желби и моите сопсвени емоции. Научив да се прочитам себеси, да се справам со стресот и да се снајдам во најразлични ситуации. Од тогаш мојот живот се промени и подобри.

2016
Секој Студент
Семинар за лидерство

Од оваа обука ги научив различните стилови на лидери, најдобрите техники и способности како да бидеш подобар лидер, како и комуникација и координација на луѓето кои ги водиш. Тука научив дека секој човек е различен и дека постојат различните пристапи за комуникација и лидерство.

Стекнати сертификати


2021
ФСС ФЕИТ и БЕСТ Скопје
Јавно говорење
2021
ФСС ФЕИТ и БЕСТ Скопје
Лидерство
2021
ФСС ФЕИТ и БЕСТ Скопје
Решавање конфликти
2020
M3DS Academy for 3D and Game Design
Курс за 3D принтање
2019
M3DS Academy for 3D and Game Design
M3DS Academy Year 2018/2019
2019
Институт Симбиотика
Обука за менаџмент на време
2017
Институт Симбиотика
Обука за емоционална интелегенција
2016
Секој Студент
Семинар за лидерство
2015
Младите можат
Комуникациски вештини
2015
Challenge language school
Курс по англиски јазик

Работно искуство


01.02.2018 - 20.05.2018
M3DS Academy for 3D and Game Design
ITNovum организатор

Како организатор на ITNovum ги регистрирав учесниците и ги воведував во настанот, го правев распоредот за групите и ја координирав соработката со предавачите. Главни компетенции кои ги подобрив тука се комуникацијата со различни луѓе, започнување и завршување на сите активности навреме, соработка со претпоставените, лидерски и организациски вештини, флексибилност и адаптација на новонастанати ситуации.

01.11.2016 - 31.05.2017
СУГС Никола Карев
Организатор на Конект Фестивал

Конект Фестивал е заеднички проект на 5 средни училишта во Скопје и има за цел да ги здружи средношколците и да им понуди различна забавна програма во 5 денови, по еден настан во секоја гимназија. Настаните беа од културно-едукативен и натпреварувачки карактер давајќи им можност на учесниците да се изразат креативно и тимски. Тука излегов од конфорт зоната и успеав да комуницирам повеќе со моите врсници и со спонзорите на настанот, ги подобрив тимските вештини заедно со другите организатори, го подобрив јавното говорење и одговорноста и се снајдов во моментите кога работев под притисок.

01.09.2015 - 10.06.2017
СУГС Никола Карев
Генерален секретар на Училишната заедница

Улогата на генерален секретар на Училишната заедница ја извршував заедно со улогата претседател на класот и истата ме направи многу одговорна личност. Моја задача беше да водам записници за време на состаноците на Училишната заедница, да ги доставувам истите до службата и директорот, како и водење на списокот за присуства. Со ова превзедов поголема одговорност за разлика од моите соученици и научив како да комуницирам со луѓе на повисоки позиции, како што се професорите, психологот и директорот на училиштето, да бидам подобар лидер и да ја имам медијаторската улога помеѓу две страни.

01.09.2013 - 10.06.2017
Младински Образовен Форум
Дебата

Со учеството во програмата за дебатери на Младинскиот Образовен Форум (МОФ) ги развив вештините за критичко размислување и јавно говорење многу повеќе отколку предходно. Тука научив за различни стилови на говорење, аргументирано разговарање и течното зборување, правилно претставување пред слушателите и важноста на говорот на телото и контактот со очи. Со тоа си ја зголемив самодовербата, чувството на сигурност при говорење пред публика и брзото пишување и огранизирање на белешките. Исто така подоцна напредував и станав асистент на предавачот и судија на дебатерски натпревари. Со ова можев да го пренесам моето знаење на другите и да ги научам повеќе околу дебатата и вредностите на еден тимски играч.

01.09.2015 - 01.09.2016
Младите можат
Член

Со невладината организација Младите можат се запознав на нивниот проект за зајакнување на Училишните заедници на средните училишта во Скопје и од тогаш станав член. Со нив поминав низа обуки и тренинзи за комуникациски вештини, менаџирање со време, младинско учество и младински политики, вештини за лобирање и застапување, преговарање, аргументирање и стратешко планирање. Ова претставуваше големо искуство за мене, научив многу работи кои ќе ми користат во иднина.

10.06.2016 - 12.06.2016
Паратисима
Волонтер / организатор

Истражувајќи ја креативноста наидов на Паратисима - саемот за уметност. Волонтерското искуство тука ме научи да бидам подобар фотограф, да ги координирам посетителите и да се ориентирам повеќе во просторот (настанот беше организиран во Младинскиот културен центар (МКЦ)). За време на настанот запознав многу артисти и креативци кои ме воведоа во светот на дизајнот и композицијата на уметничките дела.

Портфолио


Препораки


Испрати лична порака до кандидатот

 
 

Внеси оцена и препорака